Општина Бутел извести дека продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север.

„Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата Костурска.

Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север.

Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација на ветените проекти, со посебен акцент на подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на сите населени места“, се додава во соопштението од Општината.

Текстот (Фото) Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје Север е превземен од МАКФАКС.