Кејли Куоко и нејзиниот свршеник, актерот Том Пелфри, го добија своето второ дете, а веста ја споделија на социјалните мрежи.
Актерката Кејли Куоко го роди своето второ дете – девојче, на кое таа и нејзиниот свршеник Том Пелфри му го дадоа името Филомена Кармен Пелфри. Пред три години, парот го доби своето прво дете, исто така ќерка по име Матилда, а сега нивното семејство се прошири за уште еден член.
Ѕвездата од серијата The Big Ba g Theo y ја објави веста на својот профил на Инстаграм, споделувајќи серија фотографии направени во болницата, придружени со емотивен опис.
„Не постојат зборови со кои може да се опише ова чувство“, напиша таа и додаде: „Каков благослов. Бескрајно сме благодарни за оваа бурна авантура што нè доведе до нашата мала Фило. Нашето семејство конечно е комплетно. Време е да го однесеме бебето дома, кај нашата Матилда“.
Потоа му се обрати на својот свршеник, едноставно порачувајќи му дека „го сака засекогаш“.



















