Манекенката Роми Страјд им откри на своите обожаватели дека нема да учествува на овогодишната модна ревија на „Victo ia’s Sec et“. Само една недела пред настанот, таа дознала дека не е избрана да ги носи „ангелските“ крилја.

[embedded co te t]

Роми Страјд настапувала на ревиите на брендот во периодот од 2014 до 2018 година, но минатиот месец морала повторно да оди на аудиција бидејќи сега нов тим е задолжен за организацијата на ревијата на „Victo ia’s Sec et“. Сепак, таа не била избрана…

„Отидов во Њујорк на кастинг бидејќи таму сега има сосема нов тим. Веќе го познавав режисерот, како и некои луѓе со кои претходно сум соработувала на снимања, но сепак морав да се појавам“, објасни таа.

Таа истакна дека очекувала да добие одговор, но тоа не се случило.

„Мислев дека брзо ќе дознаам дали ќе учествувам на ревијата, но со недели немаше никаков одговор. Претпоставувам дека бев на листата на чекање“, рече таа. Таа признава дека неизвесноста ѝ паднала тешко, бидејќи со месеци се подготвувала за враќање на модната писта.

„Сето тоа беше прилично исцрпувачки психички, бидејќи морав да продолжам со тренинзите без да знам дали воопшто ќе настапувам. Тренирав цело лето и вложив многу труд. Имам две деца, а знаете како е – по породувањето морате повеќе да работите за да се вратите во форма. Чувствував дека е вистинското време да се вратам на пистата“, изјави манекенката, која има две ќерки со сопругот Лоренс ван Левен.

Сепак, кратко по таа објава, пристигнало писмо. Роми била одбиена за ревијата, а причината била сосема нејасна. Според нејзиниот менаџер, „таа била одлична, но организаторите сметале дека не би се вклопила во ревијата“.

Страјд тврди дека ова објаснување не се совпаѓало со она што ѝ било кажано во претходните недели.

„Менаџерот ми кажа дека веќе ме избришале од списокот, што беше сосема спротивно од она што го зборуваа дотогаш. Со недели ја прашував агенцијата IMG што се случува. Тоа ми одземаше многу време, а имам две деца и семејство за кои треба да се грижам“, објасни таа.

[embedded co te t]

Таа исто така призна дека, по сè што се случило, веќе немала желба да оди на кастинзите на тој бренд.

„Мислам дека никогаш повеќе нема да се пријавам за нивните кастинзи бидејќи не ми се допаѓа како се однесуваа кон мене. Не ми се допаѓа целиот тој процес ниту начинот на кој постапуваа со мене. Попрво би ги задржала убавите спомени што ги имам“, заклучи таа.