Шпанската кралица Летиција присуствуваше на воената парада во Мадрид заедно со кралот Фелипе Шести по повод одбележувањето на Националниот ден на Шпанија. За еден од најважните годишни настани на шпанското кралско семејство, таа избра миди-фустан со долги ракави во нежно розова нијанса.

Модниот избор на кралицата
Кралицата носеше фустан со нагласен струк и лелеаво здолниште. Таа го искомбинира со чанта и чевли во потемна нијанса на розова боја, кои се истакнуваа во однос на нежната боја на фустанот. Ја носеше својата долга, темна коса пуштена.

Нејзината постара ќерка, принцезата Леонор, се појави на парадата во воена униформа – исто како и нејзиниот татко, кралот Фелипе Шести – додека нејзината помлада ќерка, принцезата Софија, избра црвен костим со сако со дворедно закопчување.

Воена парада во центарот на Мадрид
Кралското семејство ја следеше воената парада од официјалната трибина, придружувано од шпанскиот премиер Педро Санчез. Според Ројтерс, во поворката учествуваше и Шпанската легија со својата традиционална маскота.

Националниот ден на Шпанија се одбележува на 12 октомври, а воената парада во Мадрид е централниот настан на прославата.

Текстот (Фото/Видео) Кралицата Летиција покажа како изгледа едноставна елеганција на воената парада е превземен од МАКФАКС.