Со објавувањето на последната композиција од FOLTIN RE:COMPOSED, заокружена е серијата од 16 нови интерпретации на музиката на Фолтин.

„Преку соло изведби и музички соработки, уметници од Македонија и регионот им пристапија на нашите песни од различни перспективи, отворајќи нови звучни и интерпретативни простори. Последниот збор во оваа музичка размена му припадна на Котарашки, познатиот музички продуцент од Софија, кој повеќепати јавно има кажано дека токму музиката на Фолтин го инспирирала да се занимава со музика. Убав начин да се затвори кругот: една песна добива нов живот во рацете на човек што во музиката на Фолтин препознал причина да ја создава својата“, велат од Фолтин.

„Од Дина Јашари и Горан Трајкоски, преку Hot Jazz O chest a, Luftha sa, Next to Sile ce, Pa keti, P i ce$$ Do atsu & Do playa, Васил Хаџиманов, Кристо Роџевски, Летечки Пекинезери, Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев, ДЈ Гоце, Љубојна, Моира, Foolish G ee , Supe hiks и Котарашки секој донесе свое читање на нашите песни. Некој го смени правецот, некој го смени ритамот, некој отвори сосема нова врата. А песните, како што им доликува на песни со сопствен карактер, не секогаш се однесуваа онака како што очекувавме“, велат членовите на бендот.

Додаваат дека FOLTIN RE:COMPOSED е роденденски подарок за публиката.

Шеснаесет нивни композиции добија шеснаесет нови музички животи.

Слушнете ги сите 16 преработки на композиции од Фолтин на YouTube и на Spotify.

Текстот Подарок за публиката: Слушнете кои 16 песни на Фолтин добија преработки е превземен од МАКФАКС.