Американскиот актер Ар Џеј Мити, познат по улогата на Волтер Вајт Џуниор во хит-серијата „B eaki g Bad“, почина на 34-годишна возраст, пренесува TMZ.

Според овој американски медиум, смртта на актерот ја потврдил службеник од округот во Тексас каде што Мити починал во понеделникот, 12 октомври.

‘B eaki g Bad’ sta RJ Mitte has died by suicide at 34, TMZ epo ts. https://t.co/JLwKAvthD6

— Pop C ave (@PopC ave) Octobe 12, 2026

TMZ известува дека станува збор за самоубиство, додека надлежните органи продолжуваат да ги истражуваат околностите.

Мити се стекна со светска слава со улогата на Волтер Вајт Џуниор, синот на главниот лик што го толкуваше Брајан Кренстон. Тој се појави во 56 епизоди на „B eaki g Bad“, серија што постигна огромна популарност ширум светот.

Покрај таа улога, тој глумеше во остварувања како „The Oak Room“ и „The Recall“, како и во серијата „The Gua dia s of Justice“.

Во приватниот живот, Мити се залагаше и за поголема застапеност на лицата со попреченост во филмската и телевизиската индустрија.

Актерот имаше блага форма на церебрална парализа, исто како и ликот што го толкуваше во серијата.

Текстот Актерот од популарната серија „B eaki g Bad“ пронајден мртов е превземен од МАКФАКС.