Доналд Трамп денес го бранеше својот договор со Владимир Путин за увоз на руски дизел во САД преку објава на својата платформа за социјални медиуми, „T uth Social“, откако овој потег предизвика остри критики во Европа, Украина и во делови од американскиот Конгрес.
Трамп сега тврди дека неговата одлука била оправдана со потребите на американскиот пазар и укажува на тоа дека Европа купува руски енергенси. „Европската Унија ѝ плати на Русија 250 милијарди долари за енергенси, а сепак медиумите што шират лажни вести дури и не ја допираат таа приказна. Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ“, напиша тој.
The Eu opea U io paid Russia 250 Billio Dolla s fo E e gy, a d the Fake News Media does ’t wa t to get ea that sto y. I made the ight choice fo the Ame ica People — ALWAYS, AMERICA FIRST! P eside t DONALD J. TRUMP
( TS: Oct 12 2026, 10:08 AM ET )
— Comme ta y Do ald J. T ump T uth Social Posts O X (@T umpT uthO X) Octobe 12, 2026
Трамп ја објави пораката по бранот критики во врска со неговиот договор со Путин во изминатите денови. Европските функционери предупредуваат дека дополнителните приходи од руските енергенси би можеле да ѝ помогнат на Москва да ја финансира војната во Украина, додека и Киев остро го критикуваше договорот.
На 9 октомври, Трамп објави дека постигнал договор со Путин за испорака на руски дизел на пазарите во САД и во светот. Според неговата најава, Русија требаше веднаш да испорача над 300.000 тони, по што би следела дополнителна испорака од 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони потоа.
Тој исто така најави можност за дополнителни пратки во вкупен обем од неколку милиони тони, во зависност од состојбата на руските рафинерии. Вашингтон потоа привремено ги ублажи ограничувањата за увоз на руски дизел до април 2027 година.












