Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации – UN Fo um of Mayo s 2026 во Женева, како единствен претставник од Македонија.
Учеството на овој меѓународен форум претставува можност за претставување на општинските искуства и постигнувања, размена на добри практики со градоначалници од различни земји и развивање партнерства за идни заеднички проекти, известува Општината.
Општина Ѓорче Петров ја гради меѓународната соработка како важен дел од својот локален развој. Преку партнерства и учество во меѓународни иницијативи, општината го зајакнува својот капацитет за реализација на проекти, воведување нови решенија и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Присуството во Женева отвора дополнителни можности за соработка во областите на одржливиот развој, климатската отпорност, уредувањето на јавните простори и унапредувањето на јавните услуги. Целта е стекнатите знаења и воспоставените контакти да придонесат кон конкретни активности и проекти во Ѓорче Петров.
Со учеството на UN Fo um of Mayo s 2026, Ѓорче Петров ја потврдува својата определба за отворена, активна и посветена локална самоуправа, која преку меѓународна соработка создава нови можности за своите жители, се наведува во соопштението од Општина Ѓорче Петров.












