„Арамијата излезе со нова бројка. Просек од илјада евра плата. Како пензиите, исто, што велеше дека се 16 пати зголемени. Како третата економија во Европа. Како Гета што чинел нула. Минималната плата од 600 евра ја одбија во Собрание. СДСМ го поднесе Законот. ВМРО-ОКГ не гласаше. Левица не беше во сала. ЗНАМ не даде глас“, велат од СДСМ.
„Сателитите не застанаа на страната на работникот. Две минимални не ја покриваат ниту намалената владина кошничка. Со кирија, синдикалната кошничка оди над 90.000. Гориво е до плафон. Луѓето немаат за леб. Арамијата црта илјада.
Просек од илјада евра плата не се прави со говор. Се прави со дела, со покачување на минимална плата, со намалување на синдикална кошница, со мерките што СДСМ ги предложи уште на почетокот на кризата. Ништо не беше прифатено. Цените отидоа до плафон. Сега доаѓа бајка.
Нема 600. Има илјада. Нема плата. Има цртање. На бајките на арамијата им нема крај. Сметката ја плаќа народот“, се наведува во соопштението на СДСМ.












