Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето појавување на прославата на 20-годишнината од серијата „Декстер“ во Њујорк.

Актерката, која во последните години ретко се појавува на јавни настани, избра елегано сако, проѕирни хулахопки и класични високи потпетици. Изгледот го надополни со дијамантски накит, природна шминка и препознатливата руса коса, обликувана во бранови.

Турман повторно ќе ја игра Чарли, поранешна припадничка на специјалните сили, во втората сезона на „Декстер: Воскресение“. Во серијата главната улога повторно ја толкува Мајкл Си Хол, а на актерската екипа ѝ се приклучуваат и нови имиња, меѓу кои Брајан Кокс и Ден Стивенс.

Покрај појавувањето во Њујорк, актерката неодамна присуствуваше и на модните ревии во Милано и Париз. Кон крајот на септември беше гостинка на ревијата на „Прада“, а минатата недела присуствуваше и на ревија во Париз.

Текстот Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание е превземен од МАКФАКС.