Четворица астронаути денеска се вратија на Земјата по осум месеци поминати на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Меѓу нив е и француската астронаутка Софи Адено, која со 235 дена поминати на Меѓународната вселенска станица постави рекорд по должина на непрекинат престој во орбитата меѓу европските астронаути.

Адено, заедно со уште тројца членови на екипажот, еден руски и двајца американски космонаути, слета во капсула која околу 17:30 часот по локално време го заврши спуштањето во морето, по патување кое траеше околу еден ден.

Таа помина повеќе од осум месеци на околу 400 километри над Земјата, а за време на својата прва вселенска мисија изведе три вонземски активности.

Враќањето на Земјата за Адено и останатите членови на екипажот со тоа не е целосно завршено, бидејќи по слетувањето со хеликоптер ќе бидат префрлени на копно, пренесува „Фигаро“.

Адено потоа со авион ќе отпатува во Келн, Германија, каде што ќе почне повеќенеделна програма за закрепнување по престојот во вселената.

Нејзината мисија претставува прв престој во вселената за француската астронаутка, а 235-те дена поминати во орбитата воедно се најдолгиот непрекинат престој на еден европски астронаут во вселената, наведува францускиот весник.