
Талогот на општеството Жерновски излезе и ништо паметно не кажа, туку како папагал ги повтори предавничките политики на неговиот шеф Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако на прес-конференција Андреј Жерновски од СДСМ посочи дека претседателката на ЕУ му ја кажала на Мицкоски вистината во очи.
„Наместо да си губи време, можеше само да рече дека се појавил оти му наредиле да ги повтори антимакедонските ставови на Венко кој веројатно немал време планирајќи пат за Дубаи или концерт на Харис Џиновиќ.
Кога главниот Коте од Руља на Заев и Филипче, односно лажниот амбасадор Жерновски излегува да збори за надворешна политика, тогаш јасно е дека Владата е на добар пат, затоа што нив во СДС им смета се што е добро за Македонија и македонските граѓани.
Оттаму никому не му е чудно зошто во СДС се крена хистерија кога токму на средбата со претседателката на Европската Комисија се иницираше подобрување на преговарачките позиции на Македонија и одблокирање на патот кон ЕУ во кој токму СДС не заглавија прифаќајќи се што им се нуди на маса“.
Од владејаќката партија со прашање до опозицијата, „со што ли се задолжени СДС во Бугарија штом се крена толкава хистерија дека постои можност за добивање гаранции и подобри позиции за Македонија“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, залудни им се лагите и манипулациите на СДСМ, кога, како што наведуваат, јавно Фон Дер Лајен ја истакна Македонија предводена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ како пример за спроведување на реформите и посветена работа за приклучување на Македонија кон ЕУ.
„Кога сме кај европско обвинителство, единствени на кои им смета независно правосудство се СДС, затоа што независни судии и обвинители нема да може да се обидуваат да го спасуваат Филипче како за случајот со модуларната.
И токму тоа им смета на СДС, нив им смета се што е добро и се што оди напред. Како што им сметаат реформи им сметаат патишта, болници, Клинички центар, железница, дата центри, инвестиции и нови работни места.
Тоа е и целта на талогот СДС и Жерновски да не влечат надолу, да нема никаков успех, но нема да им успее, затоа што таквите нивни губитнички и антидржавни и антинародни политики никогаш нема да се вратат и повторат. За среќа на граѓаните, а за жал на СДС, Македонија има Влада која работи за доброто на државата и државните и национални интереси“.
Текстот Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им пречи што Фон дер Лајен ги пофали реформите, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.























