Американскиот рапер и партнер на Ријана, A$AP Rocky, вечерва ќе го одржи својот прв концерт пред хрватската публика во загрепската Арена.

Настапот во Загреб е дел од неговата светска турнеја „Don’t Be Dumb“, која оваа година опфати локации низ Северна Америка и Европа; концертот во Загреб е една од последните станици на турнејата.

На оваа турнеја тој го претставува својот четврти студиски албум, „Don’t Be Dumb“, објавен осум години по албумот „TESTING“ од 2018 година. Концертот е осмислен така што го користи целиот простор на арената, при што Rocky настапува на неколку различни локации во текот на вечерта, наместо само на главната бина.

Репертоарот вклучува песни од новиот албум, како и постари нумери кои ја опфаќаат неговата 15-годишна кариера. Тој ги започнува настапите со импровизирани изведби (фристајл) и понови песни, а публиката може да очекува и добро познати хитови како „Praise the Lord (Da Shine)“, „Fashion Killa“, „Sundress“, „Peso“ и „Yamborghini High“.

Билетите се достапни за купување преку Eventim, а цените за моментално достапните билети започнуваат од 50,50 евра. Специјалните ВИП-пакети, чија цена достигнуваше речиси 750 евра, се распродадени.

Текстот A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска е превземен од МАКФАКС.