Ким Кардашијан откри детали од својот приватен живот кои претходно не биле познати во јавноста.
Ким Кардашијан има четири деца, а бидејќи целото семејство од реалното шоу е познато по раскошниот начин на живот и високите стандарди на луксуз, прашањето за тоа колку точно куќни помошници ангажира таа, долго време беше предмет на шпекулации. Иако тоа останува непознато, познато е дека дури пет дадилки, кои работат во смени, се грижат за 13-годишната Норт, 10-годишниот Сејнт, 8-годишната Чикаго и 7-годишниот Псалм.
Кардашијан зборуваше за ова во интервју за „Сандеј тајмс“, откривајќи детали за нејзиниот пристап кон воспитувањето на децата.
Една дадилка е секогаш на должност, додека останатите четири се менуваат во смени. Тоа значи дека таа има помош од дадилки 24 часа на ден, седум дена во неделата.
Сепак, Ким истакна дека и покрај оваа помош, таа лично ги вози децата на училиште и назад, а навечер секогаш заедно вечераат.
„Исклучително сум трпелива и полна со љубов. Сè уште им дозволувам на децата да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а секоја вечер им читам“, рече таа, додавајќи дека себеси се смета за „умерено строг родител“.
„Постојано разговарам со нив за важноста на напорната работа, за тоа да не ги земаат работите здраво за готово и секогаш да бидат благодарни. Давам пример со сопственото однесување. Отворено разговарам со нив за мојата работа и за трудот што го вложувам во студиите по право, а тие се горди на мене“, истакна таа.
„Мислам дека е можно да се води раскошен живот, а сепак да се остане цврсто на земја, иако тоа секако е поголем предизвик“, рече Ким Кардашијан, која веќе подолго време е среќно вљубена во возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, кој е веќе многу близок со сите членови на нејзиното семејство.
Текстот Една работи 24 часа дневно, а другите се менуваат: Ким Кардашијан откри колку дадилки има е превземен од МАКФАКС.























