Шарлиз Терон блесна на отворањето на „Veuve Clicquot Club Solaire“ во Венис Бич, носејќи лежерна, а сепак крајно елегантна комбинација во целосно бела боја, со што уште еднаш го покажа своето беспрекорно чувство за стил.

Кога не знаете што да облечете, Шарлиз Терон е тука да ги отстрани сите дилеми. Впечатливата актерка има модно решение за секој проблем; откако неодамна нè воодушеви со разни елегантни изданија, сега изгледа решена да го прифати „уличниот стил“ и да ја покаже вредноста на едноставноста.

Прекрасната русокоса изгледаше фасцинантно во комбинација составена од лежерен плетен џемпер носен врз лелеаво здолниште на слоеви со набрани рабови.

Шарлиз го надополни изгледот со бели чевли на врзување, структурирана чанта во темноплава боја и неколку сребрени алки. Нејзината кратка руса коса беше зачешлана наназад, а брановидни прамени го врамуваа нејзиното лице.

Актерката позираше и со музичарката Есте Хаим – која беше задолжена за музиката на настанот – и двете ѕвезди се прегрнаа, пренесува „HELLO“.

Здравите навики на Шарлиз
Шарлиз изгледаше подобро од кога било на отворањето на клубот; како што претходно открила, таа посветува значителен дел од својот живот на одржување здрави навики.

„Секој ден пијам сокови и јадам кељ и зелени салати. Изгледам најдобро кога се хранам здраво, спијам доволно и не пијам алкохол. Тогаш сум и најсреќна, а мислам дека тоа и се гледа“, изјави таа за списанието „Red“.

Добитничката на Оскар исто така претпочита да јаде шест помали оброци во текот на денот наместо три големи, а нејзиното омилено задоволство е хамбургерот.

Текстот (Фото/Видео) Магичната русокоса не мора секогаш да биде провокативна: го претвори обичниот стајлинг во бајка е превземен од МАКФАКС.