Овен

Доколку веќе некое време сакате да разговарате со партнерот за некои важни работи, денес е вистинскиот ден за тоа. Кажете му го вашето мислење за сѐ, дури иако знаете дека можеби нема да му се допадне. Ќе го покажете талентот, па оттука се очекувани и нови одговорности. Искористете ја инспирацијата за таму каде што е потребно.

Бик

Плановите да се дружите со партнерот може да бидат одложени поради професионални обврски на кои ќе им треба вашето внимание. Ова може да ве вознемири, особено затоа што ќе мора да го разочарате човекот што го сакате. Ова нема да влијае на вашата врска со партнерот. Секој разбира што значи работа.

Близнаци

Наместо да сте суетни и да се величате себеси, потрудете се на околината да ѝ пренесете нежност и топлина. Доколку не почнете да внимавате на вашето здравје наскоро ќе ги почувствувате последиците. Имате многу добри шанси да остварите деловен напредок за кој долго мечтаевте. Пред вас се многу поволни околности.

Рак

Влегувате во подобар љубовен период, а тоа ќе го забележите според сè подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право. Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен.

Лав

Некој пријател може да ве запознае со некоја личност која многу ќе ве привлече. Ќе бидете силно возбудени, но сепак, обидете се да останете објективни. Ќе постои некоја ситна кавга во вашата деловна околина која ќе ве натера да размислувате за заминување, не правете го тоа. Добро размислете пред да прифатите што било.

Девица

Премногу сте попустливи кон саканата личност. Партнерот тоа го искористува максимално. Ви недостасува емотивна поддршка од партнерот. На деловно поле, мала бура. Ќе мора да научите да се изборите со колегите. Поинаку нема да можете да се изборите за своите идеи и планови. Турбулентноста ќе продолжи на секое поле.

Вага

Ве очекуваат позитивни промени кои ќе ја тестираат вашата способност за адаптирање. Денес ќе размислувате за негативните емоции со кои се соочувате и ќе ја најдете причината за вашето лошо расположение. Во љубовта сакате поголема стабилност, но ова не ви дозволува да уживате во убавите мигови со партнерот.

Скорпија

Не реагирате баш најдобро на некои критики кои ви се упатени, но време е да се соочите со своите грешки. Во љубовта важно е да му покажете на вашиот партнер разбирање и поддршка кога му е потребно. Сега сте му потребни. Време е да поработите на своите стравови. Кога ќе имате поголема самодоверба работата ќе ви оди подобро.

Стрелец

Конечно колегите и надредените ги увиделе вашите квалитети и вашето значење за фирмата. На емотивно поле, денес ќе делувате незаинтересирано, а тоа ги одбива претставниците на спротивниот пол. Се плашите да ги покажете емоциите. Во љубовта посакувате емотивни промени и денес би можеле тие да ви се случат.

Јарец

Не би требало да имате никакви проблеми на деловен план. Избегнувајте секаков вид на ризици во деловните преговори, бидете тактични. Пред вас е генерално добар ден. Во љубовта слободните ги очекува интересна авантура со некое посебно лице. Ако сте во врска, можно е да не сте сосема сигурни во некоја емотивна одлука.

Водолија

Позитивно сте расположени. Обидете се тоа да го пренесете на работа. Нема причина за лажна скромност. Партнерот ќе ве изненади со некои негови потези, позитивно се разбира. Денешниот ден ви носи многу пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек.

Риби

Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани, туку тоа ќе го раширите и на околината. Имате потреба да работите повеќе нешта одеднаш, но заработката не е како што се надевате. Сето она во што вложувате енергија ќе ви донесе сатисфакција во иднина. Во љубовта сте многу таинствени и предизвикувате внимание каде и да се појавите.