
Времето утре, наутро ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.























