Ракописот на Анџелина Џоли стана тема на расправа на социјалните мрежи откако повторно се прошири фотографија од благодарница што актерката ја оставила во хотел во Грција.
Пораката била напишана во 2023 година, кога Џоли престојувала во луксузниот ресорт „Aldemar Olympian Village“ за време на снимањето на филмот „Maria“, биографска драма за оперската пејачка Марија Калас.
Фотографијата повторно стана вирална на платформата X, каде што собра повеќе од 8,4 милиони прегледи. Дел од корисниците тврдеа дека ракописот е речиси нечитлив, додека други без проблем ја прочитале пораката и оценија дека дебатата покажува колку помладите генерации сè поретко се среќаваат со ракописно пишување.
Во пораката Џоли му се заблагодарила на хотелот за престојот и напишала дека екипата на филмот „Maria“ убаво си поминала во ресортот.
Текстот Ракописот на Анџелина Џоли стана хит на интернет: милиони се обидуваат да го дешифрираат нејзиното писмо е превземен од МАКФАКС.























