Во 2023, додека Мицкоски беше опозиција, за Иловица зборуваше дека „се брани приватен интерес на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион“. Најавуваше дека идната влада на ВМРО ќе го решава случајот. На 19 јули 2023 кажа: ако бил излажан, ќе барал поништување на концесијата, велат од СДСМ.

„Во 2026 е премиер. Па, на 17 април: противниците на антимонот „ќе налетаат на тврд орев.“ Вчера: нема повлекување, тоа е иднината на земјата. Стратегија. Економија. Дубаи. ДФЦ. Истата уста. Два различни принципа. Кај Иловица аргументот беше заштита на граѓаните и на водата. Кај антимонот аргументот е касата и „државен интерес.“ Прашањето е просто: ако во 2023 здравјето на луѓето вредеше против рудник, зошто истиот принцип не важи за антимонот денес?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека концесиите за Иловица ги дало ВМРО во 2012 и 2013.

„Мицкоски тогаш беше во кругот на Груевски. Во опозиција се прави заштитник. На власт го впишува рудникот во просторниот план до 2040. Народот пак не е на маса. Провизијата е. Ова не е промена на експертиза. Ова е промена на фотелја. Истата техника како предизборните ветувања: никогаш Северна, укинување на Преспа, враќање на името. Дојде на власт. Преспа ја нарече ремек-дело. Името остана. Реформите ги закопа. Сега ќе копа антимон. СДСМ точно го именува. Нема двајца Мицкоски. Има еден арамија. Во опозиција брани колективен интерес. На власт го продава“, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Во 2023 Мицкоски за Иловица зборуваше дека се брани приватен интерес, сега тоа е иднината на земјата е превземен од МАКФАКС.