„Додека надвор зборува дека Македонија не е сериозна држава и ги навредува граѓаните дека се талог, Мицкоски ја распродава земјата, водата, рудата, националното богаство. Нема економски резултат, нема економски политики. Македонија ја гледа како плен“, велат од СДСМ.

„Водата, земјата, рудата, се е на распродажба за туѓи бизнис интереси и прифити. За граѓаните останува отровот, ризиците по здравјето и сметката за неговите договори.

Пет нови рудници – Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке, планирани геолошки ископи на Кожув, а сега и рудник за антимон, метал за воената индустрија.

Продавачи на оружје му ги плаќаат состаноците по хотели и ходници во САД, а тој им враќа со земја и ископ. За нив профити и провизии, за народот отровен антимон и живот покрај јаловишта.

Истата шема како со дата-центрите: пет-шест фирми под радар, договори далеку од јавноста, а државните ресурси на маса.

Додека кошничката достигнува 90 илјади денари и народот едвај врзува крај со крај, приоритет на Мицкоски се бизнисите, провизиите и профитите. ЕСМ тоне, државата се задолжува, а тие со Адамовиќ и Лазаревиќ, преку врските со Руднап и Божиновска, тераат бизниси со струја и со броила.

За граѓаните нема ништо. За бизнис интересите има договори, провизии, профити. Арамијата Мицкоски ја гледа Македонија како плен. Зад затворени врати ја крои судбината на цели населени места и ги става во ризик водата, земјата и здравјето на луѓето.

СДСМ силно ќе се спротивстави на овој грабеж, на оваа пљачка. Заедно со граѓаните ќе го блокираме планот за рудниците. Здравјето на луѓето не е ставка во ничиј бизнис-договор. Македонија не е на продажба!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Текстот „Пет нови рудници, антимон, дата-центри- арамијата Мицкоски ја гледа Македонија како плен“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.