Од Охрид пристигнува нова музичка приказна која е посветена на еден од најпрепознатливите градови и неговите шармантни жителки.
Музичкиот тандем Broz & Marama ја претставува новата песна „Скопјанка“, весела и симпатична љубовна приказна која на духовит и несекојдневен начин зборува за љубовта кон една посебна Скопјанка, но и за сите скопјанки.
Песната носи позитивна енергија и доза хумор, а преку интересната приказна ја спојува охридската музичка енергија со духот на Скопје.
Текстот за „Скопјанка“ го потпишува Огнен Неделковски, додека музиката и аранжманот се дело на Јовица Каралиевски. За песната е снимен и официјален видеоспот, чија реализација е дело на Стефан Стојкоски.
Видеото ја следи атмосферата на песната и ја надополнува нејзината приказна со динамична, забавна и позитивна визуелна енергија.
Broz & Marama се музички тандем од Охрид кој со „Скопјанка“ се претставува пред пошироката македонска публика. Нивната нова песна е создадена со едноставна идеја – љубовта, музиката и хуморот секогаш можат да ги поврзат луѓето, без оглед од кој град доаѓаат.
Текстот (Видео) Broz & Marama со новата „Скопјанка“ – од Охрид со љубов до Скопје е превземен од МАКФАКС.























