Вчера во 16:00 часот на улицата „Славеј Планина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуванo од 25-годишниот Б.С. и малолетен пешак од Скопје.

Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој со возило на брза помош е пренесен во Ургентен центар Мајка Тереза каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено поради сторено кривично дело по член 297-а од страна на возачот Б.С. и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Малолетник со тешки повреди пренесен во болница: бил удрен од „ауди“ е превземен од МАКФАКС.