Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Соединетите Американски Држави предложиле да се подготви трилатерален состанок меѓу Украина, САД и Русија на техничко ниво.
Зеленски им изјави на новинарите во Њујорк, каде што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации, дека Киев чека предлози од американската страна за датумот на одржување на состанокот, како и дека Вашингтон ги предложил Обединетите Арапски Емирати како место за него, пренесува Укринформ.
„Што се однесува до трилатералниот состанок, американската страна предложи тој да се подготви и да се состане во трилатерален формат на техничко ниво. Чекаме предлози од САД во врска со датумот. Што се однесува до местото, Соединетите Американски Држави ги предложија ОАЕ“, рече Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.























