Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации со својот ирански колега Анас Аракчи, а двајцата министри се согласија дека само дипломатско решение може да ги заврши тензиите на Блискиот Исток предизвикани од американско-израелската војна против Иран, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи.

„Беа разгледани актуелни регионални и меѓународни прашања, со акцент на ситуацијата околу Иран“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија, објавено од Ројтерс.

„Беше истакнато дека нема алтернатива на дипломатското решение за кризата предизвикана од нелегалните дејствија на САД и Израел“, се наведува во соопштението.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега, Масуд Пезешкијан, потпишаа договор за стратешко партнерство кој предвидува продлабочување на билатералните односи и поблиска одбранбена соработка, но не содржи клаузула за меѓусебна одбрана.

Порано овој месец, Пезешкијан му се заблагодари на Путин за ставот на Москва во врска со војната со Иран и рече дека заедно Москва и Техеран можат да се спротивстават на американскиот „унилатерализам“, пренесува Танјуг.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.