
Попладнево во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, министерот Муцунски оствари средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.
Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство.
Акцентот на средбата беше ставен на реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото, сојузништвото во НАТО и заедничкиот придонес кон европската и евроатлантската безбедност.
Соговорниците се осврнаа и на економската соработка, конкретните проекти преку партнерството „влада со влада“ и иницијативите од Берлинскиот процес за поголема регионална поврзаност и економски развој.
Текстот Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионот е превземен од МАКФАКС.























