Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде „голема тема на разговор“ што ќе ја има во текот на денот со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, кој е во посета на Вашингтон.
„Голем ден со претседателот Шји на Кина. Суперинтелигенцијата (СИ) ќе биде голема тема на разговор, но сакам тоа да го оставам точно како што е сега. Тоа е и ставот на Кина. Нашата заштитна ограда е Министерството за правда (DOJ)“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Trut Social.
Денешната средба меѓу Шји и Трамп ќе се одржи во средина на трката во вооружување меѓу САД и Кина поради развојот на ВИ, во време кога многумина бараат меѓународна регулација, според CBS News.
Трамп досега се спротивставуваше на повиците за регулација, а на светските лидери на Генералното собрание на ОН претходно оваа недела им рече: „Победник е оној што ќе ја победи ВИ“.
Шји вчера пристигна во тридневна државна посета на САД, за време на која ќе ја посети и Белата куќа, каде што ќе се одржи свечена вечера на која ќе присуствуваат многу претставници од технолошкиот сектор, пренесува Танјуг.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.























