Триесет и едногодишна жена со тешки повреди е пренесена во болница откако во неа удрил електричен тротинет, кој го управувала друга жена.
Според информациите на МВР, вчера во 06:40 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена Е.Д.С.(31) од населба Илинден.
Според пријавеното, на бул.„Koчо Рацин“ во Скопје таа била удрена од електричен тротинет, по што женското лице кое го управувало тротинетот избегало.
Од МВР велат дека зе преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.
Текстот Тешко повредена жена во Скопје, со тротинет ја удрила друга жена и избегала е превземен од МАКФАКС.























