Кејти Пери и Џастин Трудо блеснаа на свеченоста по повод отворањето на Lucas Museum of Narrative Art, основан од режисерот Џорџ Лукас.
Пејачката Кејти Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо не ја симнуваа насмевката од лицето на отворањето на Музејот на наративна уметност „Лукас“ во Лос Анџелес, јасно покажувајќи колку уживаат во својата нова љубовна врска.
Популарната пејачка и поранешниот канадски премиер се појавија заедно на гламурозниот настан, претворајќи ја вечерта во романтичен состанок.
Тие позираа држејќи се за раце пред бројните фотографи, разменуваа нежни погледи и останаа многу блиски во текот на целата вечер – што и не е изненадување со оглед на тоа за каков пар станува збор.
За оваа пригода, Кејти избра бел кадифен фустан што ја следи линијата на телото, со впечатлив корсет-дел што ја истакнуваше нејзината фигура. Трудо изгледаше елегантно во црн костум и бела кошула, а заедно делуваа како складен пар.
Парот беше практично неразделен во текот на целата вечер. Тие се држеа за раце, си се насмевнуваа еден на друг и отворено ја покажуваа својата наклонетост пред камерите, дополнително привлекувајќи го вниманието на јавноста.
Кејти и Џастин се во врска повеќе од една година; своето прво официјално појавување на црвениот тепих го имаа во јуни на Tribeca Festival. Оттогаш, тие сè почесто се појавуваат заедно на јавни настани.
Пејачката има шестгодишна ќерка, Дејзи Дав, со актерот Орландо Блум, додека Џастин Трудо има три деца од претходниот брак.
Текстот (Фото/Видео) Секогаш ѝ се препушта на страста кога е со неа: поранешниот канадски премиер е лудо вљубен во пејачката е превземен од МАКФАКС.























