Во ОВР Гостивар вчера во 12:50 часот е пријавено дека во дворно место на куќа, сопственост на Б.А. во Гостивар, 16-годишна малолетничка од Гостивар управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала.
Од падот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Гостивар, додека со телесни повреди 16-годишната малолетничка, констатирани во болницата во Гостивар.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Текстот Тешко повредени малолетнички при пад од електричен тротинет е превземен од МАКФАКС.























