Вчера во 15:45 часот во близина на село Мали Влај, струшко, Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад- Охрид, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, го лиши од слобода 40-годишниот Б.Т., затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Струга и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Уапсен 40-годишник во Струшко: кај мажот е пронајдена марихуана е превземен од МАКФАКС.