Можело да се јави и ЗНАМ 3.0 вели Максим Димитриевски. Ова е признание на Максо дека ЗНАМ се сателити на ВМРО, сите со сериски број, реагира СДСМ како дел од серијата препукувања меѓу двете партии.

„ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски, да ја урива СДСМ одвнатре.

Ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите.

Влегоа во власта, станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата на Мицкоски.

Сателити. За тендери.

И толку, се распаднаа, изгубија вредност за само две години па Мицкоски спреми нова верзија, ЗНАМ 2.0.

И новата верзија, исто како старата, има една љубов, тендери од 1,6 милиони евра.

Сега, кога Максо призна, а знаеме дека ЗНАМ 2.0 зеле 1.6 милиони евра, прашањето е колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ?

Знае ли Максо за уште некој проект на Мицко, па најавува ЗНАМ 3.0?

Сите сте прочитани, нема да ви помине.

Народот не е наивен“, се вели во соопштението на СДСМ.

Текстот СДСМ: Максим Димитриевски призна дека ЗНАМ се сателити на ВМРО, сите со сериски број е превземен од МАКФАКС.