Премиерот Христијан Мицкоски извести дека во Њујорк имал разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

„Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.

Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник.

Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери“, напиша Мицкоски.

Текстот Мицкоски разговарал со Рубио: Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес е превземен од МАКФАКС.