Вчера, постапувајќи по претходна пријава дека во река во село Доброшинци, струмичко, се врши ископ на песок, по овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Струмица излегоа на местото и затекнаа товарно возило и работна машина – копач на правно лице-сепарација од село Сачево, струмичко, со двајца вработени кои вршат ископ.
Известен е Државен инспектор за животна средина, а од јавниот обвинител е ангажиран и геодет кој констатирал дека се врши ископ, како и дека камионот е натоварен со околу девет кубни метри песок, но од правното лице не е приложена соодветна документација (барање, договор, елаборат и сл.) за ископот.
Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Текстот Ископувале песок од река во село Доброшинци без документација: полицијата го расчистува случајот е превземен од МАКФАКС.























