
Фасадите од кулите во градски ѕид се трагедија во исчекување. Ако во минатото се ронеа плочка по плочка, сега, дотраените фасади на овие култни скопски згради паѓаат по цели парчиња и претставуваат вистински ризик за минувачите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Неспособните кадри на СДСМ на чело со Горан Герасимовски, освен што врзале ленти околу столбовите, да обележат дека кратко се појавиле на терен, 9 години не преземаат апсолутно ништо за овој проблем. Застарениот и избледен знак за предупредување кој стои таму со години, покажува колку долго го игнорираат овој проблем.
Нема соодветни ограничувања на движењето. Нема никакви заштитни мерки, нема никакви превентивни мерки. Ништо! Општинската власт веројатно чека да ни се случи трагедија, за да преземат било што.
Под вистинска опасност се Центарци кои живеат во кулите“.
Како што оценуваат, значаен ризик има за купците и посетителите на зеленото пазарче, како и пазарџиите.
„Опасност има за децата и родителите кои го посетуваат детското игралиште кое е во непосредна близина.
Под ризик се они кои чекаат на автобуската постојка „Зелен пазар“, а редовно поминуваат под зградите.
Ризик и опасност има за секој, па и за случаен минувач.
Зошто? Само поради неодговорноста и неспособноста на СДСМ“.
Според партијата, со секој изминат ден се зголемува ризикот некој да биде повреден.
Герасимовски, додаваат од таму, мора да одговори, што и дали воопшто планира да преземе нешто за да ги заштити граѓаните.
„Да одговори што правеа тој и неговите сопартијци цели 9 години, бидејќи овој проблем се провлекува со години.
А знаејќи дека Герасимовски и СДСМ веројатно не знаат што да направат или едноставно не сакаат, ВМРО-ДПМНЕ до Советот на општина Центар ќе достави инцијатива за субвенционирање на дел од трошоците потребни за да се променат овие фасади, се со цел, поголема безбедност за секого. Субвенционирањето мора да биде согласно приоротетите на хуманото живеење и изгледот на општината“.
Текстот Што прави СДС во Центар, додека градски ѕид се распаѓа, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.






















