Вчера во 20:30 часот во спортска сала на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.К.(24) и И.С.(30), двајцата од Скопје, затоа што сториле прекршок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, односно физички се пресметувале додека траел ракометен натпревар.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Текстот Двајца скопјани се степале додека траел ракометен натпревар: полицијата ги приведе е превземен од МАКФАКС.























