Вчера во 15:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 19-годишниот Ф.И. од Прилеп.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Претрес во Прилеп, пронајдена марихуана, уапсен 19-годишник е превземен од МАКФАКС.