Вчера во 19:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека по течението на река Треска, помеѓу кичевските села Вранештица и Бигор Доленци, забележан е помор на речна пастрмка во поголеми размери.

За настанот е известен надлежен јавен обвинител и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, по што заеднички екипи ќе преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот.

Против лицето кое извршило загадување на вода со штетна материја ќе биде поднесена кривична пријава по член 223 од Кривичниот законик „загадување на вода или добиточна храна“.

Текстот Помор на речна пастрмка по течението на реката Треска е превземен од МАКФАКС.