
„Десет недели. Толку долго трае лагата за водата. Во Гостивар илјадници граѓани се отруја. Околу пет илјади бараа помош. До денес немаат потпишан јавен извештај што го разбира секој што пие вода од чешма. Го имаат само зборот на арамијата Мицкоски дека е чисто. После хиперхлорирањето на Тошковски. После бактериите. После забраната. После техничката вода што не се пие. Зборот на шефот на бандата не е анализа“, велат од СДСМ.
„Сега угинува рибата во Треска. Се бараат итни анализи. Истото прашање како во Гостивар, како на Лепенец, како на Вардар: каде се резултатите?
Орце Ѓорѓиевски, човекот-дрон на ВМРО-ОКГ, водата ја проверуваше од воздух. Резултат нема. Во повеќе од педесет места низ Македонија извештаи за квалитет на водата нема.
Ги кријат Мицкоски и Клековски. Ги кријат затоа што водата не се слика добро кога е валкана. Ги кријат затоа што труењето има име и презиме, функција и одговорност.
Зошто се кријат извештаите? Затоа што ако народот ги прочита, пропаѓа бајката. Пропаѓа фразата – „нема криминал“. Пропаѓа лагата – „се живее подобро“. Пропаѓа концертот како анестезија.
Арамијата мисли дека после Дејвид Гета, платен 5,53 милиони народни евра од Лотарија, граѓаните ќе заборават што пијат. Нема да заборават. Водата не е естрада. Водата не е публика од 200.000 што ја нема.
Водата е прва работа што влегува во куќата. Кога ќе ја отруеш, си ја отрул државата.
ВМРО-ОКГ управува вака: камера на бина, дрон над река, извештај во фиока.
СДСМ бара сега, не утре: целосни извештаи за Гостивар, за Треска, за Лепенец, за Вардар и за секое место каде што водата се крие како државна тајна.
Без потпис на лабораторија нема чиста вода. Има само банда што се плаши од сопствената чешма.
Кој крие вода, крие злосторство. А кој после тоа организира концерт, не слави независност. Слави што народот сеуште нема документ во рака дека водата е чиста“, се наведува во соопштението на СДСМ.























