„И ОУ „Гоце Делчев“ доби нови модерни спортски училишни терени. Летово со забрзана динамика се работеше и во ова училиште“, велат од Општина Битола.

„Изградени се две повеќенаменски игралишта, едното за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка.

Игралиштата се оградени, осветлени, опремени со спортски реквизити и урбана опрема.

Вкупната сума на проектот изнесува 14.280.422 денари. Се работи за средства од вториот владин повик преку министерството за образование и наука. И нашата и определбата на Владата е создавање модерни услови за спорт и рекреација во нашето образование“, додаваат од Општина Битола.

Текстот (Фото) Општина Битола: Модерни спортски терени и во Основното училиште „Гоце Делчев“ е превземен од МАКФАКС.