Тројца се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што вчераутро се случила на регионалниот пат меѓу струшките села Велешта и Враништа.
Според СВР Охрид, незгодата била пријавена на 12 септември во 7:30 часот, а во неа учествувале два автомобили „голф“, двата со струшки регистарски ознаки. Со едното возило управувал Ф.Б. (36) од Лабуништа, а со другото Е.Ќ. (54) од Велешта.
Во судирот тешко биле повредени двајцата возачи, како и Е.Б. (27) од Лабуништа, кој бил сопатник во првото возило.
Тешките телесни повреди им биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Полициски екипи извршиле увид на местото на сообраќајната незгода.
Текстот Тешка сообраќајка кај Струга, тројца во болница е превземен од МАКФАКС.



















