
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се следат уште неколку случаи на сомнежи за корупција во институциите и ги повика граѓаните да пријавуваат доколку од нив се бара мито.
Прашан за случаите со побарано мито кои беа обелоденети во изминатиот период, Мицкоски рече дека веќе има пријави за уште неколку случаи.
„Следиме уште неколку случаи на корупција во институциите и чекаме и тоа, да го земат тоа што го побарале од граѓаните. Ги повикувам граѓаните да пријавуваат! Има пријави на неколку случаи во институции“, рече Мицкоски.
Од неговата изјава не се открива за кои институции станува збор, колку лица се опфатени со пријавите, ниту какви суми наводно биле побарани.
Изјавата доаѓа по повеќе случаи во изминатиот период во кои надлежните институции постапуваа по сомнежи за барање и примање мито.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















