Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој лично ќе му се јавел на иранскиот врховен лидер и ќе го прашал дали САД можат да направат нешто за него.
„Ако имаа нуклеарно оружје, ќе му се јавев на врховниот лидер и ќе му кажев: ‘Господине врховен лидеру, како сте? Можеме ли да направиме нешто за вас?’, наместо да ги бомбардираме“, рече Трамп на републиканска конвенција во Далас.
Веднаш потоа тој повтори дека токму затоа САД мора да го спречат Иран да дојде до нуклеарно оружје.
„Не можеме да му дозволиме на Иран да има нуклеарно оружје. Многу е едноставно“, порача Трамп.
Тој ја бранеше американската воена кампања против Иран, тврдејќи дека нејзината клучна цел е да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје.
Изјавата доаѓа во време на зголемен притисок врз Техеран поради неговата нуклеарна програма. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирнодопски цели.
Текстот Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје е превземен од МАКФАКС.














