Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.
Министерот Шасивари го запозна амбасадорот со приоритетите на Министерството и активностите што се реализираат во рамки на реформската агенда. Во наредниот период се очекуваат конкретни законски и институционални чекори насочени кон подобрување на ефикасноста и квалитетот на правосудниот систем.
Посебно внимание беше посветено на можностите за поголема соработка со Шпанија и користење на нејзиното искуство во области поврзани со функционирањето на правосудните институции и владеењето на правото.
Амбасадорот Соријано Ортиз ја изрази подготвеноста на Шпанија да продолжи да дава поддршка на реформите.
Соработката со европските партнери е важен дел од реформскиот процес, но резултатот се мери преку конкретни промени и подобро функционирање на институциите. Министерството за правда останува посветено на остварување на тие цели.
Текстот Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството е превземен од МАКФАКС.
















