Музичарот Александар Сања Илиќ, основачот на групата „Балканика“, почина денес како последица на коронавирусот, откако беше на респиратор. Тој почина на 70 годишна возраст.
Роден е 1951 година во Белград. Негов татко беше композиторот Миодраг Илиќ Бели, додека брат Драган Илиќ кој свири во „Генерација 5“.
Беше оженет со актерката Злата Петковиќ. Кога имал 12 години ја напишал музиката за текст од Душко Радовиќ која ја изведувал Драган лаковиќ. На 16 години ја испратил својата композиција „Поет на мирот“ која ја пееше Лола Новаковиќ , а со која требало да ја претставува Југославија на Евровизија 1968 година. Во 1976 година неговата композиција „Бај,бај,бај“ ја изведе Бисера Велетаниќ на фестивалот во Опатија.
Во својата плодна кариера, Илиќ има напишано околу илјада песни кои ги исполниле познати пејачки имиња како Здравко Чолиќ, Маја Оџаклиевска, Даворин Поповиќ, Габи Новак, Зденка Ковачичек, Дадо Топиќ… Тој е автор на музиката на повеќе театарски престави, филмови и ТВ-серии меѓу кои и познатата „Село гори, баба се чешла“. Автор е и на химната на познатиот белградски фудбалкси клуб „Црвена звезд“.
Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград 1975 година.