Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против 33-годишниот С.П. и 16-годишник од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба“ во обид.

На 01.05.2026 во приватна фирма во Виница, пријавените одзеле вреќи со бакарни предмети, а на 10.05.2026 на истата локација се обиделе да одземат други бакарни предмети.

Текстот Кривична против две лица од Кочани: во приватна фирма во Виница украле вреќи со бакарни предмети е превземен од МАКФАКС.