Мицкоски, шефот на бандата ВМРО, не престанува со навредување на народот, велат од СДСМ.

„Секој што не е за неговата криминална организација – веднаш, по моделот на Ванчо Михајлов, станува „талог“. Срамота за еден професор. Кого тој да учи? Срамота за функцијата што ја извршува. Срамота што еден човек толку го имитира својот ментор Вучиќ, што од збор до збор копира што овој кажува“.

Според опозициската партија, навредување на сопствениот народ не е запамтено во историјата на Македонија.

„Уште повеќе – човек кој штом зинe – лаже.

Ваков арамија народот не памти.

Секој граѓанин на Македонија е засрамен од тоа кој е претседател на Владата и кој нè претставува сите нас граѓаните на нашата татковина – арамија.

Тој себеси и своите соучесници во криминал и корупција ги нарекува „елита“.

На таква елита местото ѝ е во Шутка и Идризово.

Народот за такви има израз: „Арамија“.

Ете, баш тоа е овој човек, кој претставува срам за нашата земја.

Христијан Мицкоски – баш арамија“.

Текстот СДСМ: Мицкоски баш арамија е превземен од МАКФАКС.