Златан Ибрахимовиќ повторно нè почасти со жешки фотографии и видеа додека тренира. А малкумина се имуни на оваа глетка.
Познат по својот непоколеблив дух, но и по строгата дисциплина кога станува збор за физичка активност, пензионираниот Златан Ибрахимовиќ ни покажа како изгледа неговиот „одмор“.
Тој веќе некое време живее во Хрватска, каде што ужива во топлите и сончеви денови, но никогаш не заборава да одвои време за малку физичка активност.
Тој објави компилација од фотографии и видеа на Инстаграм додека вежба, а неговата најнова објава го привлече вниманието на јавноста. Неговиот одмор не вклучува само одмарање на сонце, туку и подготвеност малку да трча за време на топол ден.
На една објава на Инстаграм Златан е без маица додека ужива во природата и, судејќи според коментарите, многумина беа воодушевени од оваа глетка.
Реакциите беа мешани, но повеќето корисници на Инстаграм се согласија со идејата – дека Златан е „вистинска машина“.
Текстот (Фото/Видео) Златан ужива во природата, а корисниците на интернет уживаат гледајќи го неговото тело е превземен од МАКФАКС.














