Ако Европа ја нападне Русија, војната ќе биде многу кратка, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него, лидерите на европските земји се однесуваат воинствено и постојано зборуваат за својата подготвеност да војуваат со Русија, додека руската страна, како што истакна, нема таква намера.
„Никогаш нема да ги нападнеме. Но, ако нè нападнат, тоа ќе биде фундаментално поинаква војна и ќе трае многу кратко“, рече Лавров.
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, претходно ја нарече Русија егзистенцијална закана за европските земји, пренесува Спутник.
Директорот на Службата за надворешно разузнавање на Русија, Сергеј Наришкин, изјави дека ЕУ во своите стратешки документи, кои се однесуваат на периодот до 2030 година, утврдила планови за подготовка за евентуална воена конфронтација со Русија, пренесуваат агенциите.
Текстот Лавров одговара на Европа: Ако нè нападнат, војната ќе биде кратка е превземен од МАКФАКС.














