Британскиот крал Чарлс III повтори дека принцот Хари и неговата сопруга Меган ќе продолжат да бидат неактивни членови на кралското семејство по враќањето во Британија од САД.

Во писмото испратено до високи владини претставници во име на кралот се наведува дека двајцата ќе продолжат да се воздржуваат од користење на кралските титули како што правеа откако се повлекоа од службените должности во 2020 година.

Секоја работа што ја работат за хуманитарни организации ќе се спроведува во приватен капацитет, а одлуките за оперативната безбедност се прашања за соодветните полициски агенции, се наведува во писмото.

Писмото го испратил Лорд Чемберлен, највисокиот функционер на дворот, до високи владини и воени претставници, како и до личните претставници на кралот низ целата земја, пренесуваат медиумите.

„За да се избегне создавање забуна, кралот дал упатства за споделување на овие информации“, се наведува во соопштението за медиумите.

Иако писмото само потврдува дека статусот на Хари и Меган останува непроменет, одлуката да се испрати писмото и да се објави јавно покажува загриженост кај некои набљудувачи на палатата дека нивниот статус би можел да им овозможи да станат еден вид паралелен двор, натпреварувајќи се со активните членови на кралското семејство.

Шест години по раскинувањето со кралското семејство и преселувањето во Калифорнија, помладиот син на кралот Чарлс, принцот Хари и неговата сопруга Меган пристигнаа во Англија на 26 август, каде што се очекува да се населат на неодредено време, објавија британските медиуми.

Нивниот син Арчи (7) и ќерката Лилибет (5) се запишани во британско училиште.

Хари и Меган повеќе не се активни членови на кралското семејство и нема планови да се вратат на службените должности, беше кажано во тоа време.

Текстот Кралот Чарлс го разјасни статусот на принцот Хари и Меган по нивното враќање во Британија е превземен од МАКФАКС.