Никола Пелц Бекам беше меѓу познатите лица кои пристигнаа во Венеција, каде што го привлече вниманието и со наградата „Ѕвезда во подем“ (Rising Star), која ја доби на доделувањето на наградите Kinéo.

Церемонијата Kinéo се одржува паралелно со Филмскиот фестивал во Венеција од 2002 година, но не е официјален дел од фестивалот.

Организаторите во образложението наведоа дека американската актерка, сценаристка и продуцентка во последните години привлекува сè поголемо меѓународно внимание благодарение на нејзината работа „пред и зад камерата“.

Пелц Бекам привлече внимание и со изгледот на црвениот тепих. Таа носеше фустан од „Баленсијага“ со откриено рамо и долг шлеп.

На настанот ја придружуваше нејзиниот сопруг Бруклин Бекам, кој се појави во црн смокинг. Двојката позираше пред фотографите, а Бруклин ја држеше сопругата за рака и ја бакнуваше во образ.

Двајцата заедно се појавија и претходната вечер на коктел организиран од „Златните глобуси“ и „Аман Беверли Хилс“.

Бруклин и претходно јавно зборуваше за нивниот однос и брак.

„Целосно ми го промени животот. Таа е мојата најдобра пријателка, а во нашиот брак никогаш не е здодевно. Секој ден ја сакам сè повеќе“, изјави тој за британски „Вог“ во 2025 година.

Текстот Никола Пелц Бекам привлече внимание во Венеција, Бруклин ја бакнуваше пред фотографите е превземен од МАКФАКС.